Прејди на содржината

Ошол Павле да се жени, дамба, румба, ајде де

Од Wikisource

„ Ошол Павле да се жени, дамба, румба, ајде де “

од Македонско народно творештво
од Велес, пеел Иван Николовски Танго (1938 година), Соборски народни песни, Македонски народни песни,Хумористични народни песни,

Ошол Павле да се жени,
дамба, румба, ајде де,
Да си земе тенка Станка,
дамба, румба, ајде де.

Танка Станка,аршин долга,
дамба, румба, ајде де,
аршин долга,три широка,
дамба, румба, ајде де.

Шиник глава,дибек нозе,
дамба, румба, ајде де.
чатмовеѓа,рамностава,
дамба, румба, ајде де.