Охрид, Охрид убав мил

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Охрид, Охрид убав мил,
ти за мене рај си бил.
Јас ќе одам далеку
не знам дал' ќе се вратам пак.
Езерото ми убаво,
јас со солзи го оставив.
Со кајчето од Вистера
во Албанија се најдов јас.
Збогум мајко, збогум веч
јас ќе одам далеку.
Јас ќе одам далеку
не знам дал' ќе се вратам пак.
Охрид, Охрид убав мил,
град на Климент, Самуил.

Поврзано[уреди]