Охрид, Охрид

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Охрид, Охрид, убав мил,
јас со солзи те оставив.
Езерото убаво тага
в'срце ми остави.
Дење, ноќе плачам,
на срцето рана имам,
зошто мајко јас отидов
в' туѓа туѓина.
Со мојта мила сека вечер
шетав по езеро јас.
Устата и очите ѝ
сон за мене останаа.
Ах, колку е жално либе,
Ах, колку е мачно душо,
цел живот да те немам
и да умрам в' туѓина.
Охрид, Охрид, убав мил
јас со созли те оставив.
Јас отидов надалеку
и не знам дали ќе те видам јас.
Јас отидов надалеку
и не знам дали ќе се вратам јас.
Либето да го видам,
секој ден за мене плаче.
Да се вратам, да ја видам,
со неа да умрам јас.

Поврзано[уреди]