Оре моме седмојанче

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оре моме, моме, моме седмојанче,
откога си моме, на седум години,
Оре моме, моме, моме седмојанче,
Зошчо ти се моме, плешчи згрбавени,
Оре лудо, лудо, лудо ти бре младо,
Одеејќи лудо, горе во планина,
Одеејќи лудо, горе во планина,
Носеејќи лудо, трлави пенушки.
Оре моме, моме, моме седмојанче,
Зошчо ти се моме, зоби попаѓани,
Оре лудо, лудо, лудо ти бре младо,
Јадеејќи лудо, ковчави ореви.
Оре моме, моме, моме седмојанче,
Зошчо ти се моме, коси побелени,
Оре моме, моме, моме седмојанче,
Зошчо ти се моме, коси побелени.
Оре лудо, лудо, море ти бре младо,
седеејќи лудо, долу воденици,
ветор ми вееше, коса белееше,
ветор ми вееше, коса белееше.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика