Ордан седи на кулата
Изглед
- Ордан седи на кулата,
- На кулата во Брезово,
- В раци држи дулбијата.
- Па ми гледа горе-долу,
- Му догледал црни аскер,
- Црни аскер-башибозук.
- Фрли бомба сред селото,
- Цело село се затресе,
- Сиот аскер го потурка.
- Извикнаја селаните,
- Што е ова од Ордана,
- Од Ордана Пиперката.
- Ордан куршум не го дупи,
- Ордан сабја не го сече,
- Ордан носи чесно дрво.