Ората копата

Од Wikisource
Ората копата (х2)
Јунак стрелба стрелаше,
стрелите му падаја,
на момини дворове.
Мома двори метеше,
и си стрели збираше
Дај ми моме стрелите
Ќе ти дада крстенце.
На ти чичо стрелката,
дај ми ја ќерката.
Ората копата (х2)
На ти дедо гламната,
да запалиш лулата
да ми дадеш момата.
Ората копата (х2)

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Блог за македонски народни песни

Музика