Прејди на содржината

Орал дедо што ми орал, чул в селото тапан чука

Од Wikisource

„ Орал дедо што ми орал,чул в селото тапан чука “

од Македонско народно творештво
од Велес, пеел Иван Николовски Танго (1937 година), Соборски народни песни, Македонски народни песни,

Орал дедо што ми орал,,
чул в селото тапан чука,
си распрегнал двата вола,
Па ги вденал у два дола.

Па се фанал на орото,
на орото кај момите,
Па ги прашал:„Убав ли сум,
Убав ли сум,личен ли сум“?.

Па си ојде у селото,
у селото кај берберот.
Си избрикол брадичката,
Си пострижил мустаќите.

Убав си ни,личен си ни
Како вампир сега си ни,
Како прле пострижено.
како маче гуралаво.