Омарно жешко сонце

Од Wikisource
Омарно жешко сонцето греит
и никој на земјата не смеит
очи да отворит, ура, ура.
И никој на земјата не смеит
очи да отворит, напред, напред.
Ја народ црнеит, таму на брегот
и ноќта ангел јасно викаше:
„О Боже, до кога и до кога“?
И ноќта ангел јасно викаше:
„О Боже, до кога и до Бога“?
Еј таму Смилево, борба настанаа
со петстотин'годишниот тиран
крв ќе се излеит, ура, ура.
Со петстотин'годишниот тиран
крв ќе се излеит, напред, напред.
И денес мале, младиот јунак,
се фрли на крвожедниот тиран,
за да се одмаздит, ура, ура.
Се фрли на крвожедниот тиран,
за да се одмаздит, напред, напред.
Но и за жалост, угасна младост
свиреп го куршум в' срце погоди,
со знаме во рака, ура, ура.
Свиреп го куршум в' срце погоди,
со знаме во рака, напред, напред.
Збогум, проштавај, млади јунаку,
з'ш скоро слобода ќе изгреит
над Македонија, ура, ура.
Наскоро слобода ќе изгреит
над Македонија, напред, напред.

Поврзано[уреди]