Прејди на содржината

Од умот се подизгубив

Од Wikisource
Од умот се подизгубив
За едно лично Охриѓанче.
Од умот се подизгубив
За едно лично, за едно лично Охриѓанче.
Оди мајко, стара мајко,
Скришем, скришем да н речиш.
Оди мајко, стара ле мајко,
Скришем, скришем,
Скришем, скришем да н речиш.
Син ми ќерко те милува,
Па се срамел да ти речи.
Син ми ќерко те милува,
Па се срамел,
Па се срамел да ти речи.
Штом ме лудо милувало,
З'ш не кажал од порано.
Штом ме лудо милувало,
З'ш не кажал,
З'ш не кажал од порано.
Сега сум си посвршено
За едно лично Битолчанче.
Сега сум си посвршено
За едно лично,
За едно лично Битолчанче.

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Музика