Од поле идат бабо сејмени

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Од поле идат, бабо мори, сејмени,
Сејменска песна, бабо, поеја.
Сејменска песна, бабо, поеја,
Ајдучка глава, бабо, носеја.
Излези, бабо мори, да видиш,
Дали ќе глава, бабо, познаеш.
Дали ќе глава, бабо, познаеш,
Од твој'го сина, бабо, Стојана.


PD-icon.svg Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика