Од Софија жален глас се слуша
Изглед
- Од Софија жален глас се слуша,
- секој ден редат бесила,
- на бесила висат млади борци,
- борци, одбор Македонци.
- Едно утро тиран се извика:
- - Ред е на Васил Антевски!
- Бесилката му ја покажаа,
- за желба го запрашава:
- - Кажи, Васил, каква желба имаш
- и кажи зошто се бориш?
- Желба моја е Македонија,
- земја да стане слободна.
- Доста веќе она робуеше,
- од секој маки тегнеше.
- Старо, младо, сите се бориме
- и ќе се ослободиме!
- Кога разбра село Оморани,
- старо и младо зажали,
- еден на друг они расправаа
- и сите на ред плакаа:
- - Од малечок за нас се бореше
- и за нас Васил загина!
- Ој тирани, многу го мачевте,
- од прсти му нокти вадевте,
- далеку го вија однесовте
- и таму го обесивте.
- Да знаете, абер ви праќаме,
- за Васил крв ќе вратиме!
Извор
[уреди]- Симо Младеновски, Живко Андреевски (ур.), „Доста ропство и тиранство: македонски народни песни со тематика од НОВ и револуцијата“, Скопје, 1978, 28 стр.
- друг извор на песната