Одздола иде мале

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одиздолу иде мале,
одиздолу иде,
Одиздолу иде, мале,
дете Саркачанче,
Дете Саркачанче, мале,
сос бело фустанче
Оди да му кажеш мале,
оди да му кажеш,
Оди да му кажеш мале,
дома нека дојде
Дома ако дојде, ќерко,
Дома ако дојде,
Дома ако дојде ќерко
Ракија да му служиш
Ракија ќе му служам, мале,
Ракија ќе му служам,
Ракија ќе му служам мале,
Мојте дробни солзи.


PD-icon.svg Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Песната е од село Коњари, Солунско.

Музика