Прејди на содржината

Огрејала јасна ѕвезда

Од Wikisource

Огрејала јасна ѕвезда е македонска народна песна. Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.

Текст на песната

[уреди]
Огрејала, огрејала
Огрејала јасна ѕвезда,
Право тегле, право тегле,
Право тегле на вујку му.
Добро вечер мили вујко
Дај Бог добро мило внуче
Јас сам дошол мили вујко
Јас сам дошол да та питам.
Мен ма сакат мили вујко,
Мен ма сакат до две моми,
Таа идната и чорбаџика,
Таа другата и сиромашка.
Чунки питаш мило внуче,
Чунки питаш ки ти кажам.
Чорбаџика мило внуче
Чорбаџика кавгаџика,
Сиромашка добраџинка.

Надворешни врски

[уреди]

Во изведба на Костас Новакис