Огрејала месечина

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Огрејала месечина леле
огрејала месечина,
од Солуна до Тетово. 2х
Не ми била месечина леле 2х
тук ми биле три неесте
три неесте Сетолчанќе.
Прво теглат за Тетово леле
прво теглат за Тетово,
кај бакалот чичо Кољо. 2х
Добро утро чичо Кољо море
добро утро чичо Кољо,
дал бог добро три неесте
три неесте Сетолчанќе.
Да ми дадеш драм белило леле
да ми дадеш грам белило,
драм белило драм црвило 2х
Наши мажи гурбетчие леле
наши мажи гурбетчие
кај ќе дојдат ќе ти платат. 2х

Поврзано[уреди]

Во изведба на Васка Илиева