Оган го гори Брезово

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оган го гори Брезово-Македонијо,
Ордан со четата навлегол-Македонијо.
И на дружината говори-Македонијо,
Стан'вајте браќа не спијте-Македонијо,
Земајте бомби, куршуми.
Земајте бомби, куршуми-Македонијо,
Со душман ќе се бориме-Македонијо.
Згрмеа бомби, куршуми-Македонијо,
Одеднаш Ордан извика-Македонијо,
Го зазедовме Брезово.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика