Прејди на содржината

Облог ми чинеле лудо ем девојка

Од Wikisource

„Облог ми чинеле лудо ем девојка“

од Македонско народно творештво
Македонски народни љубовни песни

Облог ми чинеле лудо ем девојка
на едно да спијат три дни и три ноќи,
н’ една ругузина, на една перница,
на едно да спијат,да не се задеват.
Момчето таксало своја брза коња,
момата таксала,сандук со прикија.
Момчето заспало како лудо јагне,
момата легнала,сон не ми ја фаќа,
туку се расфрла од рано на рамо,
туку се расфрла,ем разговара:
„Стани лудо, стани, јас сум посмеала,
и коњо е твојо,и јас сум ти твоја“.


Надворешна врска

[уреди]

Македонска народна лирика