Константин Миладинов/ Не - непијам

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Не - непијам“

од Константин Миладинов


Ми велет онје пијан сум;
А ја си не знам какво е
Тва пусто, шкуро пијанство!
Ја друго нешчо не сториф -
Сâде си зедоф крај мене
Сафа со винце тиквешко
И си се малку нацицах.
Ми велет сâнки ноѕеве-
Ко д` ода ми се валеет.
Земја се тресит, вервите,
За тва ноѕе валеет.
И ак` си чукна главата
На ѕиздои и на камења,
И ак` се цумки на чело,
От такви мали работи
Али требит да се плашиме?
У! пијаница, падинат!
Ми велет и се смеет.
Ко да им нешчо напраиф!
Шчо имат, ако падина?
Пак како јунак си станва.
Немојте усти погани,
Тук-така не клевете ме!
И пак ви верно пофтора:
Ја сосем не зна името
От тоја пусто пијанство. -
Ич не сум ја пијаница!

Наводи

  • Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.


PD-icon.svg Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 100 години.