Прејди на содржината

Не си го продавај Кољо чифликот

Од Wikisource
Не си го продавај Кољо чифликот
мама не ме дава кољо за тебе, 2х
по меани одиш Кољо, рујно вино пиеш,
дома рано не си одиш да спиеш.
рефрен:
По меани одиш Кољо,
рујно вино пиеш,
дома рано не си одиш да спиеш. 2х
Колку ти чини Кољо чифликот,
толку ми чини Кољо лицето 2х
рефрен:
Не си го продавај Кољо трлото,
мама не ме дава Кољо за тебе. 2х
рефрен:
Колку ти чини Кољо трлото,
толку ми чини Кољо грлото. 2х
рефрен:

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Македонски народни песни, текст, аудио и преводи

Музика