Прејди на содржината

Не прибирај мила мамо стројници

Од Wikisource
Не прибирај мила мамо стројници
А, а... мила мамо ле
Јас си имам мила мао либе комшивче
Комшивче ле мила мамо комшивче
А, а... мила мамо ле
Едно лично лудо младо
Не дели ме мила мамо од него
А, а... мила мамо ле
Боса ќе бегам мамо по него
А, а... мила мамо ле
Живот ќе дадам мамо за него.

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни