Не плачете стари мајки

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Не плачете стари мајки
доста е живот,
? клети тиран,
нас да нè мачи.
Спомнете ги браќа мили,
наш'те другари:
Гоце Делчев, Питу Гуле,
Јане Сандански.
Сите тие за слобода
гордо паднаа,
сè за тебе, сите ние
по нив да одиме.
Сите што се партизани,
смели се борци,
нив не им е жал да умрат
в' бој за слобода.
По затвори и темници
млади изгинаја,
ќе изградат живот, мила,
живот, слободна.
Излегоја партизани
горе в' планина,
да се борат за слобода
и за правдина.
Македонските синови,
сегде се напред,
по планини, по полиња,
и по градови.

Извор[уреди]