Прејди на содржината

Не ми седи коконо

Од Wikisource
Не ми седи коконо
не ми седи достојно,
не ми седи мори
крај портите.
Ќе поминат коконо,
ќе поминат достојно,
ќе поминат мори
клети турци.
Ќе ти речат коконо,
ќе ти речат достојно,
ќе ти речат мори
потурчи се.
Ти да речеш коконо,
ти да речеш достојно,
Ти да речеш мори
не се турчам.
Не се турчам аго бре,
не се турчам бегу бре,
не се турчам
да загинам.

Поврзано

[уреди]