Не виткај се Софче

Од Wikisource
Не виткај се Софче, не крши се
како змија низ тревата,
ко риба низ водата.
Софче, алтан чедо на мајка
Софче, не ги гори ергените.
Кога на оро Софче заигруваш
како сонце огрејуваш,
без вино ме опиваш.
Софче, алтан чедо на мајка
Софче, не ги гори ергените.
Јас сиромав Софче, сам самувам
кога тебе те сонувам
окa вино испијувам.
Софче, алтан чедо на мајка
Софче, не ги гори ергените.
Не виткај се Софче, не крши се
како змија низ тревата,
ко' риба низ водата.
Софче, алтан чедо на мајка
Софче, не ги гори ергените.

Поврзано[уреди]