Нешто ќе те прашам сине
Изглед
- Нешто ќе те прашам сине
- право да ми кажеш.
- Право да ми кажеш сине,
- без да ме излажеш.
- Зошто сине болен лежиш,
- време три години?
- Време три години,
- па и шест месеци?
- Штом ме прашаш стара мајко,
- право ќе ти кажам.
- Право ќе ти кажам мајко,
- без да те излажам.
- Кога си бев стара мајко,
- на млади години,
- арамија шетав мајко
- по Боишки планини.
- На пат сретнав стара мајко,
- момче и девојче.
- В раце си држеа стара мајко,
- едно машко дете.
- Јас им реков стара мајко,
- оган да запалат.
- Оган да запалат стара мајко,
- дете да испечат.
- Кога го печеа мајко
- мене ме гледаа.
- Кога го јадеа мајко,
- мене ме колнеа.
- Зато сум ти стара мајко
- толку болен, лежам.
- Време три години,
- па и шест месеци.