Нешо пиле, Нешо мори, мамино калешо
Изглед
- Нешо пиле, Нешо мори, мамино калешо,
- зошто не дојдеш Нешо кај мама на гости,
- како да дојдам мамо, нема ни со кого,
- едно момче имам мамо, ош је малечко,
- ќе помине туде, за поли ме држи.
- Ќе појдам да месам мамо, и оно по мене,
- за поли ме држи, само ме препиња,
- чекај ме дадо мори, меси ми кравајче,
- не сум ти дада лудо, туку сум ти жена,
- желка те изело, чума те затрело.
- Ќе појдам на вода, мамо, и оно по мене
- за поли ме држи, само ме препиња,
- чекај ме дадо мори, полни ми бардаче,
- немам бардаче, бапки те изеле,
- камо ти ведро лудо на рамо да носиш,
- ведро да носиш, ветер те однело.
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |