Немам мило, немам драго
Изглед
- Немам мило, немам драго,
- нит пак сакам ти да знајш,
- како бродот без кормило,
- јас ќе скитам по светот.
- Ќе си скитам јас езера,
- без надежи, без љубов,
- дури јас не си го најдам,
- денес мојот студен гроб.
- По полиња, по горите,
- кај ќе стигнам, ќе спијам,
- ќе се влечкам по тревите
- и по полските цвеќа.
- Ќе се качам на Венера,
- на најсветлата ѕвезда,
- ќе ѝ кажам јас на неа,
- што сум патил по светот.
- Ќе се качам в' парахода
- и ќе викнам с' голем глас:
- „Збогум мила, збогом драга,
- јас ќе одам далеку“.