Нели ти реков, моме Донке

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нели ти реков, моме Донке,
Нели ти думав,
Да не љубиш, моме Донке,
Битолските ергени.
Они те лажат, моме Донке,
Они те мамат,
Си за тија, моме Донке,
Тија пусти пари.
Битолските ергени, моме Донке,
Си се мајтапчии,
Ќе ти ветат, моме Донке,
Нема да те земат.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика