Прејди на содржината

Неемија/ 7 глава

Од Wikisource

6 глава Неемија
7 глава
од н.п.
8 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 А кога ѕидот беше изграден и кога ги наместив вратните крила, беа поставени чувари при вратите, и пејачи и левити.
  2 Управата на Ерусалим им ја доверив на својот брат Ананиј, и на заповедникот на тврдината Ананиј, зашто овој беше човек на верност и се боеше од Бога повеќе од другите.
  3 Им реков: „Ерусалимските врати нека не се отвораат додека не огрее сонцето; а додека е тоа уште високо, нека ги затворат и нега ги префрлат лостовите. Треба да се постават стражи од ерусалимските жители: секого на неговото место, секого спроти неговата куќа.”
  4 Градот беше широк и голем, но во него имаше малку жители, зашто немаше изградени куќи.
  5 А мојот Бог ме вдахна, та ги собрав големците, главатарите и народот за да бидат внесени во родовниците. Тогаш го најдов родовникот на оние, кои се вратиле порано. Во него најдов запишано:
  6 Еве ги луѓето од покраината, кои дојдоа од заточение во кое ги беше одвел Навуходоносор, вавилонскиот цар. Се вратија во Ерусалим и во Јудеја, секој во својот град.
  7 Дојдоа со Зоровавел, со Исус, со Неемија, со Азариј, со Рамиј, со Наманиј со Мардохеј, со Вилсан, со Мисперет, со Вигвај, со Беум и со Ван. Број на луѓето на Израелевиот народ:
  8 Фаросови синови: две илјади сто и седумдесет и два;
  9 Сефатиови синови: триста седумдесет и два;
10 Арахови синови: шест стотини педесет и два!
11 Фат-Моавови синови: односно Исусови и Јоавови синови: две илјади осум стотини и осумнаесет;
12 Еламови синови: илјада двеста педесет и четири;
13 Затуеви синови: осум стотини четириесет и пет;
14 Захаеви синови: седум стотини и шеесет;
15 Винуеви синови: шест стотини четириесет и осум;
16 Виваеви синови: шест стотини дваесет и осум;
17 Азгадови синови: две илјади триста дваесет и два;
18 Адоникаеви синови: шест стотини шеесет и седум;
19 Вагуеви синови: две илјади шеесет и седум;
20 Адинови синови: шест стотини педесет и пет;
21 Атирови синови: односно од Езекија: девеесет и осум;
22 Асумови синови: триста дваесет и осум;
23 Висаеви синови: триста дваесет и четири;
24 Арифови синови: сто и дванаесет;
25 Гаваонови синови: девеесет и пет.
26 Луѓе од Витлеем и од Нетофат: сто осумдесет и осум;
27 луѓе од Анатот: сто дваесет и осум;
28 луѓе од Вет-Асмавет: четириесет и два;
29 луѓе од Киријат-Јарим, од Хефир и од Вирот: седум стотини четириесет и три;
30 луѓе од Рама и од Гаваја: шест стотини дваесет и еден;
31 луѓе од Михмас: сто дваесет и два;
32 луѓе од Ветил и од Гај: сто дваесет и три;
33 луѓе од Невон: педесет и два;
34 синови на другиот Невон: илјада двеста педесет и четири;
35 Харимови синови: триста дваесет;
36 луѓе од Ерихон: триста четириесет и пет;
37 луѓе од Лод, од Адид и од Онон: седум стотини дваесет и еден;
38 Сенаеви синови: три илјади девет стотини и триесет.
39 Свештеници: Једаеви синови, односно од куќата на Исуса: девет стотини седумдесет и три;
40 Имровиеви синови: илјада педесет и два;
41 Пасхорови синови: илјада двеста четириесет и седум;
42 Харимови синови: илјада и седумнаесет.
43 Левити: Исусови синови, односно Кадмилови и Одавиеви: седумдесет и четири.
44 Пејачи: Асафови синови: сто четириесет и осум.
45 Вратари: Салумови синови, Атирови синови, Талмонови синови, Акувови синови, Атитиеви синови, Соваеви синови: сто триесет и осум.
46 Нетинци: Сишиниеви синови, Асуфиниеви синови, Таватови синови,
47 Киросови синови, Сијаеви синови, Фаданови синови,
48 Леваниеви синови, Агавиеви синови, Селмаеви синови,
49 Ананови синови, Гидилови синови, Гарови синови,
50 Реајини синови, Ресинови синови, Некодиневи синови,
51 Газамови синови, Узиеви синови, Фаселови синови,
52 Висаеви синови, Меунимови синови, Нафусесимови синови,
53 Ваквукови синови, Акуфини синови, Арурови синови,
54 Васлитови синови, Меидини синови, Арсини синови,
55 Варкосови синови, Сисарини синови, Таминиеви синови,
56 Несиеви синови, Атифини синови.
57 Синови на Соломоновите слуги: Сотаеви синови, Соферетови синови, Феридиини синови.
58 Јалини синови, Дарконови синови, Гадилови синови,
59 Софатиини синови, Атилови синови, Фохерет- Севаини синови, Амонови синови.
60 Вкупно Нетиици и синови на Соломоновите слуги триста деведесет и два.
61 Следните луѓе, кои дојдоа од Тел Мелех, од Тел Арис, од Херув и од Адон и од Имир, не можеа да докажат дека нивните семејства и нивниот род се од Израелско потекло:
62 Делаини синови, Товиини синови, Никодини синови: шест стотини четириесет и два.
63 А од свештениците: Аваини синови, Акосови синови, синовите на Варзелај - оној кој се ожени со една од ќерките на Галадецот Варзелај па го зеде неговото име.
64 Овие луѓе го бараа својот запис во родовниците, но не можеа да го најдат: беа исклучени од свештенството,
65 и намесникот им забрани да јадат од светините сè додека не се појави свештеник на Урим и Тумим.
66 Вкупно во собирот беа: четириесет и две илјади и триста шеесет личности,
67 не сметајќи ги нивните слуги и слугинки, кои беа седум илјади триста триесет и седум. Беа уште и двеста четириесет и пет пејачи и пејачки,
68 седум стотини и шест коњи, двеста четириесет и пет мазги,
69 четири стотини триееет и пет камили и шест илјади и седум стотини и дваесет ослици.
70 Одделни главатари на семејствата дадоа прилози за градбата. Заменикот вложи во ризницата илјада драхми злато, педесет врчви, триесет свештенички облеки.
71 Некои од главатарите на семејствата дадоа во работната ризница дваесет илјади драхми злато и двеста мини сребро.
72 А даровите од другиот народ беа: до дваесет илјади драхми злато, две илјади мини сребро и шеесет и седум свештенички облеки.
73 Свештениците, левитите, вратарите, пејачите, Нетинците и сиот Израел се населија во својот дом. А кога наближи седмиот месец, Израелевите синови веќе беа во своите градови.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse