Недалеку во Воден града
Изглед
- Недалеку во Воден града,
- на североисточна страна,
- дружина е поседнала
- на зелена рудина.
- Пред дружина е ставено
- рудо јагне печено,
- чаша вино наполнета
- на трева је клаена.
- Секој пијат и се радвит,
- едно срце благословлјат,
- за дружина се напиват
- слобода посакуват.
- Сите дружно да се збијме,
- Битола да се најме,
- в' Цариграда да тргниме,
- Македонија ослободиме.