Невестa тенка висoкa

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Невеста тенка висoка, леле,
на кирајџијте му вели
кирајче море, алајче,
колку кирија ќе сакаш.

Колку кирија ќе сакаш, леле,
до Стамбол да ме однесеш,
До Стамбол да ме однесеш,
до Стамболските мејане.

Невесто калеш убава, леле,
кирија твоја ефтина
кирјиа твоја ефтина
ќе ми го дадеш лицето

Ќе ми го дадеш лицето,
лицето бело и црвено,
лицето бело и црвено,
како петровко јаболко.

Белешка[уреди]

  • Песната е од околината на Воден, запишана од Тинка Ташева.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]