Невесто лична калеша

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Невесто лична калеша,
синоќа ти лафот чиневме
тебе млада да оставиме.
Девере, најмал девере
каква ми мана најдовте
мене млада да оставите?
Невесто лична калешо,
девет години, в' десетта,
каму ти лулка до тебе
и в' лулка машко детенце?
Девере, најмал девере,
девет години, в' десетта,
постела не сум послала,
со момче не сум легнала.
Дека што пие, там спие,
дење и ноќе не иде,
името ми е невеста,
на срце сум си девојка.

Поврзано[уреди]