Невесто калеш убава
Изглед
- Невесто калеш мори убава,
- што кротко одиш леле на вода.
- На таја чешма леле студена,
- со тие стомни леле шарени.
- Дали тежат леле стомните
- или ти тежит леле ѓерданот? [x2]
- Нити ми тежат леле стомните,
- ниту ми тежит леле ѓерданот.
- Туку ми тежит леле меракот,
- меракот ми е леле далеку.
- Меракот ми е леле далеку,
- во таја пуста леле Битола.
- Во таја пуста леле Битола,
- во тие темни леле зандани.