На срце ми лежи, мила мамо

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
На срце ми лежи, мила мамо,
На срце ми лежи,
Ај, на срце ми лежи, мила мамо,
Една лута змија.
Не ми била змија, мила мамо,
Не ми била змија,
Ај, не ми била змија, мила мамо,
Туку кара севда.
Севдините очи, мила мамо,
Севдините очи,
Ај, Севдините очи, мила мамо,
Црни, черешови.
Севдините веѓи, мила мамо,
Севдините веѓи,
Ај, Севдините веѓи, мила мамо,
Морски пијавици.
Севдината снага, мила мамо,
Севдината снага,
Ај, Севдината снага, мила мамо,
Тенка половина.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Музика