Прејди на содржината

На врата стои дос

Од Wikisource
На врата стои дос, на врата стои,
ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.
Паре си брои дос, паре си брои,
ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.
Коња да купи дос, коња да купи,
ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.
Таму да тера дос, таму га тера,
ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.
Моми да лаже дос, моми да лаже,
ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.
Горно маалки дос, горно маалки,
ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.
Све фалбаџики дос, све фалбаџики,
ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.
Све чорбаџике дос, све љубовџике,
ти лудо Ѓуре дос, ти си лудо младо.

Поврзано

[уреди]