Народе македонски
Изглед
Песната "Народе Македонски" е создадена во спомен на масактрите во 1903 и 1905 година во костурското село Загоричани врз месното цивилно население од страна на Турците и Грците. Убиени се над 200 загоричани, а селото е уништено.[Аудио верзија од песната ,,Народе Македонски``]
Текст
[уреди]Народе македонски, со какви идеи си ти?
Доста веќе, разбуди се, свести се, не спи ти!
Не знаеш кој си, што си - други тебе знаат.
Страм голем е за тебе сам да се не знаеш.
Исклаја жени, деца, во село Загоричани.
А, пред аскерот турски фрл'ајте оружјето.
Опинци долги носат, пискули големи
, фустани раскапани ем празни патрони.
Каде е Караиванов и дружината му?
- Мелас Каравангелис, в Битола в затвор е тој.