Прејди на содржината

Назад Калино моме

Од Wikisource
Назад, назад, Калино моме,
Немој да одиш по мене.
// Кај нас си има висока гора,
не ќе можеш да ја поминеш. //
Ќе се сторам јас сокол пиле
и пак кај тебе ќе дојдам.
// Гора ќе прелетам,
кај тебе ќе дојдам,
вечно твоја ќе бидам. //
Назад, назад, Калино моме,
немој да одиш по мене.
// Кај нас си има длабока река,
не ќе можеш да ја поминеш. //
Ќе се сторам јас мрена риба
и пак кај тебе ќе дојдам.
// Река ќе препливам,
кај тебе ќе дојдам,
вечно твоја ќе бидам. //
Назад, назад, Калино моме,
немој да одиш по мене.
// Кај нас си има убава жена
и две мали дечиња. //
Ќе се сторам јас црна чума
и пак кај тебе ќе дојдам.
// Жена ќе ти сотрам,
дечиња ќе чувам,
вечно твоја ќе бидам. //

Поврзано

[уреди]