Мој роден крај

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Збогум и прости мој роден крај
туѓина одам оставам рај.
Мој роден крај рајска градина
тешка е со тебе мој'та разделба.
Има на светов земји богати
ама ко тебе нема убави.
Мој роден крај рајска градина
тешка е со тебе мојта разделба.
Каде да одам пак ќе се вратам
тука сум роден, тука ќе умрам.
Мој роден крај рајска градина
тешка е со тебе мојта разделба.

Поврзано[уреди]