Мори моме, што не дојдеш
Изглед
- Мори моме, што не дојдеш,
- фустан да си земеш лудо.
- Три години, лично моме, шиен фустан стои,
- три години, лично моме, во дуќан ми стои.
- Лудо младо, моме, оф шеќерлија,
- лудо младо, моме, оф леблебија.
- Море момче, ако дојдам,
- фустан да си земам, лудо.
- Ако в' дуќан ти влезам, како ќе излезам,
- ако в' дуќан ти влезам, зло да не ме најде.
- Лудо младо, моме, оф шеќерлија,
- лудо младо, моме, оф леблебија.
- Мори моме, ако дојдеш,
- фустан да си земеш, лудо.
- Ништо не ти чинам, лудо, само ќе те бакнам,
- ако ми те бакнам, лудо, нема да си умреш.
- Лудо младо, моме, оф шеќерлија,
- лудо младо, моме, оф леблебија.
- Море момче, ти терзиче,
- многу скапо сакаш, лудо.
- Венчај мене, младо момче, тогај ќе ме бакнеш,
- фустан што ми сошле, лудо, невеста ќе носам.
- Лудо младо, моме, оф шеќерлија,
- лудо младо, моме, оф леблебија.