Прејди на содржината

Мома солунчанка

Од Wikisource

Мома солунчанка

од македонскиот фолклор
македонски народни песни

Среќна ѕвезда сретнав, мајче,
лична мома солунчанка,
во Солуна се видовме,
крај море се шеташе.
Ласта снага кршеше,
како браној во морето,
ветер коса ѝ вееше,
мома тивко си пееше.

Скришум, крадум, ја погледнав,
очи ни се пречекаа:
- Здраво, живо, ах девојче,
милно, видно солунчанче.
- Здраво, живо, ергенче,
убаво битолчанче.
- Кажи што да сторам, душо,
срцево ми изгоре!

- Прегрни ме, младо момче,
за тенко половинче,
плач и радост ќе ти дарам,
љубовни солзи од Солуна.
Прегрни ме, младо момче,
за тенко половинче,
колку вода во морето,
песни ќе ти испеам.


Поврзано

[уреди]
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.