Прејди на содржината

Мома мрзлива

Од Wikisource

„Мома мрзлива“

од Македонско народно творештво
од с.Папрадиште Велешко слушана од Благојка Штерева, Црнушанов,7.Македонски народни песни,текст и мелодии запишал Коста Црнушанов, Софија 1956 год.


Разболела се девојка,
откак‘ се поле зажнало,
дури се поле дожнало,
Кога се поле дожнало,
тогај девојка станала.
Велит,говорит девојка:
-Мајко ле,мила мајко ле,
и мои верни другачки,
дали се женит ергени,
дали се можит девојки?
-Ќерко ле ,мила ќерко ле,
женит се,женит ергени,
можит се,можит девојки,
за тебе велит говорит:
Откак‘ се поле зажнало,
дури се поле ожнало,
болна лежала девојка,
Не била болна девојка,
тук’ била мома мрзлива.[1]


Наводи

[уреди]
  1. /files/books/Македонски народни умотворби, книга втора „Трудови семејни и хумористични песни“], Др.Марко Китевски стр.59