Прејди на содржината

Мома крај извор седеше

Од Wikisource
Мома крај извор седеше
од рози венец плетеше
изворот брзо течеше
венецот вечно венеше.
Ах, како течит тој извор
така ми течат моите дни
ах како венит венецот
така ми венит младоста.
А штом ќе пукнит пролетта
и се' се живо распеват
пак ќе ме прашаш мене ти
колку ме мачит љубовта.

Поврзано

[уреди]