Молитва (Виолета Томовска)

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дај ми Боже сила небесна,
да се кренам, да се извишам,
како ѕвезда јас да огреам,
химна да му запеам.

Нека расте, о Боже, родот убав мој,
златен дожд од мудрост долго нека пие,
нека биде, о боже, вечен родот мој,
нека е што не сме ние.

Дај ми, Боже, љубов ангелска,
плодно семе јас да посеам,
да се роди жито медено,
вино зрело светено.

Нека расте, о Боже, родот убав мој
златен дожд од мудрост долго нека пие,
нека биде, о Боже, вечен родот мој,
нека е што не сме ние.

Поврзано[уреди]