Прејди на содржината

Може ли цвеќе без вода

Од Wikisource
Ла, ла, ла, ла, ла
Ја излези девојче,
ај дојди си ти при мене
дур за друга не сум појден
ме слушна ли бре?
Ај од тука бегај ти
не губи си лудо време
на друго сум таксано
ме слушна ли бре?
Ќе дојдат утре по мене,
а јас ќе мислам на тебе
друга ќе имам крај себе
но, на мене бре лудо ќе мислиш.
Можеш ли лудо без мене
можам ли и јас без тебе
може ли цвеќе без вода
зелена гора без лисја?
Зар не помниш девојче
што зборевме двајцата ние
две лозници зелени
двајцана до гроб?
Што рековме речено
што било поминало бре
за друго сум таксано
бре фаќај си пат.
Ќе дојдат утре по мене,
а јас ќе мислам на тебе
друга ќе имам крај себе
но, на мене бре лудо ќе мислиш.
Можеш ли лудо без мене
можам ли и јас без тебе
може ли славеј без песна
може ли светот без сонце.

Поврзано

[уреди]