Многу ми го фалат, бабо

Од Wikisource
Многу ми го фалат, бабо мори
вашето момиче.
Бабо мори, вашето момиче.
Кој го е видело, бабо мори,
сè болно легнало.
Бабо мори, во вашата куќа.
И јас да го видам, бабо мори
ако болен лежам.
Бабо мори, ако болен лежам.
Ако болен лежам, бабо мори
во вашата куќа.
Бабо мори, в' шарена одаја.

Поврзано[уреди]