Ми товарил калеш Дончо

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ми товарил калеш Дончо,
Три товари ориз,
Па си тргнал калеш Дончо,
За пуста Битола.
Леле, леле, леле,
Дончо за жалење,
Оф, оф, оф, оф, оф, оф,
Дончо штипјанчето.
На пат го сретнале Дончо,
Турски караколи,
Му најдоа пусти Турци
Бомби и патрони.
Леле, леле, леле,
Дончо за жалење,
Оф, оф, оф, оф, оф, оф,
Дончо штипјанчето.
Го фрлија калеш Дончо
Во темни занадани,
Го мачеја пусти Турци
Во тесни долапи.
Леле, леле, леле,
Дончо за жалење,
Оф, оф, оф, оф, оф, оф,
Дончо штипјанчето.
Аферим бре калеш Дончо,
Никој не издаде.
Леле, леле, леле,
Дончо за жалење,
Оф, оф, оф, оф, оф, оф,
Дончо штипјанчето.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Блог за македонски народни песни