Прејди на содржината

Ми прела гора, ми ткала

Од Wikisource
Ми прела гора, ми ткала
са зима болна лежала,
са зима болна лежала.
Кога на пролет станала,
тивко ми ветре поддувна,
пролетна песна запеја.
Сама се гора облекла,
сè во зелено кадифе,
сè во зелена долама.
Сè во зелено кадифе,
сè во зелена долама.

Поврзано

[уреди]