Ми го затвориле младиот Јорданчо

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ми го затвориле младиот Јорданчо,
Ми го затвориле во темни зандани.
Во зандани има вода до колена,
Вода до колена, коса до рамена.
Време веќе дојде, Јордан да се пушти,
Право он си тргна во негово село.
Кога дојде Јордан до домашни порти,
Два пати ми чукна, три пати ми викна.
Кога го дочула неговата мајка,
Порти отворила, сина прегрнала.
Каде ми е мајко, мојто верно либе,
- Твојто верно либе, сношти се омажи;
За твојот комшија, за твојот побратим.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни