Митро моме

Од Wikisource
Митро, Митро мори,
Митро, тага голема.
Ј' отруј се, Митро мори,
жива не ми оди.
Клето, са лето Митро,
гола, ем боса.
По жешкото сонце, Митро,
уки вруќини.
Ручок над глава, Митро,
српот на рамо.
С' дете в' раце, Митро,
по жешкото сонце.

Поврзано[уреди]