Прејди на содржината

Мирјано мори, Мирјано

Од Wikisource
Мирјано мори, Мирјано,
Слушај што вели Ѓорѓија;
Аман, аман,
Слушај што вели Ѓорѓија.
Чифликот ќе си продам,
Тебе Мирјано да земам;
Аман, аман,
Тебе Мирјано да земам.
Колку ти чини чифликот,
Толку ми чини лицето;
Аман, аман,
Толку ми чини лицето.
Нивите ќе се продадам,
Тебе Мирјано да земам;
Аман, аман,
Тебе Мирјано да земам.
Колку ти чинат нивите,
Толку ми чинат веѓите;
Аман, аман,
Толку ми чинат веѓите.

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни