Прејди на содржината

Маро, Марике

Од Wikisource
Маро, Марике гиди филџан бојливке
филџан бојливке гиди, назл'м назлинке. [х2]
Марини очи леле Костурски цреши
кој поминува леле, сè си апнува,
а јас си поминав леле, а јас заминав
по мене маваат леле с' дрво, камење.
Марини усни леле скопски целувки
кој поминува леле сè си апнува,
а јас поминав леле, а јас заминав
по мене маваат леле с' дрво камење.

Поврзано

[уреди]