Прејди на содржината

Мамо мори

Од Wikisource
Мамо мори стара,
луѓе се набрале.
Зашто се набрале, мамо,
зошто се собрале.
А бре сине, Стојане,
мама ќе ти каже.
Стојна се посврши, сине,
во мили кумове.
Мамо мори стара,
јас болен си лежам,
девет ми години, мамо,
за Стојна девојка.
А бре сине, Стојане,
мама ќе ја земе.
Мама ќе ја земе, чедо,
сине од венчање.

Поврзано

[уреди]